Патики за трчање по патеки во природа

trail-running-shoes

Како што навлегуваме се подлабоко во пролетта, нагонот да се упатиме кон планинските патеки за нашите тренинзи станува се поголем и поголем. Вашата тренинг стаза може да биде некоја патека за пешачење или пак некој планински масив, како и да е, важно е што ќе изберете да носите на вашите стапала.

Техничките патеки (патеки кои по дефиниција се тесни, земјени или карпести, и нудат голем избор на предизвици) се полни со пречки и разни остатоци кои можат многу лесно да ги дупнат или оштетат просечните патики. Обувките кои се дизајнирани за трчање по улици овозможуваат помалку контрола на патеки со лизгава површина и можеби нема да овозможат калта да има лесен проток по ѓонот на патиката.

Од друга страна, обувките за тешки патеки може да бидат непријатни за оние кои што сакаат само лесни тренинзи по патеки.

Кога ги одбирате вашите чевли, важно е да знаете кои се вашите потреби, какви се вашите планови за тренинзите и да ги најдете најдобрите патики за трчање по патеки што се вклопуваат во сметката за вашите експедиции.

Во што се разликуваат патиките за трчање по патеки од патиките за улично трчање ?

Патиките за трчање кои се за тренинзи на улица имаат дизајн кој се фокусира на брзина, чувствителност, и тежина која што се стреми да е што помала. Овие патики се создадени за рамни, еднакви површини на кои нема пречки како на пример големи карпи и стапови. Како такви, нивниот ѓон е потенок, средишниот дел има потенка облога за амортизација, и нивниот горен дел е лишен од заштита која ќе ги заштити од разни остатоци/пречки кои може да се најдат на патеката.

Од друга страна, патиките за трчање по патека се поцврсти и порамни-овозможувајќи одлично трчање низ шума и нерамни терени каде што потпората на ногата и заштита се клучни. Обувките за трчање по патеки се стремат да направат баланс помеѓу чувствителноста и долготрајност, направени се со ѓон кој е составен од поширока платформа за подобро балансирање на нерамните терени.

Salomon C

Подлогата  е клучна за овој тип на обувки, тие се опремени со поширок ѓон кој е опремен со “шари” кои што се поразделени за да овозможат водата и калта преку кои што газиме да не останува на ѓонот.

Повеќето модели вклучуваат тврда, пластична плочка на предниот дел од патиката за да спречат остри објекти да пробијат низ патиката, што создава поудобно искуство додека сме на долги тренинзи низ шумата.

Горниот материјал на овие патики вклучува и браник за заштита на ножните прсти  и дополнилна поддршка за зглобовите. Бидејќи има важни разлики во дизајнот помеѓу патиките наменети за улично трчање и трчање по патеки, важно е да се ги одредите вашите потреби со цел да ги изберете вистинските патики за трчање по патеки.

Можеш да одговориш, или да одговориш од твојот сајт.

Leave a Reply


3 × = twelve

Прочитај повеќе:
akbezbednost
Гази Баба XC Challenge 2013 – Пријавување

Во организација на Атлетски клуб ’БЕЗБЕДНОСТ’ – Скопје и оваа година, на 10.03 (недела) со почеток во 12:00 часот, ќе...

Close